Студијата открива кој дел од пилешкото е најштетен по здравјето.




Пилешкото е најпопуларниот вид на месо. Една од причините е достапноста, благиот вкус без силен мирис, но и цената која е попристапна од, на пример, говедско, телешко… Бонусот е што ова месо е богато со разни хранливи материи, корисни за здравјето на организмот.




Сепак, не се сметаат сите делови од пилешкото добро за човечкото тело, беше објавено неодамна во една кинеска студија. Благодарение на искуството на многу готвачи кои ги споделија своите готвачки искуства со експертите, како и знаењето на технолозите, откриено е кои делови од пилешкото месо не треба да се консумираат бидејќи се штетни за здравјето.




Значи, кога јадете пилешко, подобро е да не ја консумирате кожата која целосно се состои од маснотии, а покрај тоа може да содржи и голем број бактерии.
Исто така, се препорачува да не се јадат белите дробови, бидејќи ниту термичката обработка со висока температура не е во состојба целосно да ги отстрани сите паразити од нив.




Кинеските стручњаци ве советуваа и да не ја користите главата (која кај нас ретко се користи), бидејќи во овој дел од пилешкото се акумулираат сите штетни материи што животните ги јадат во текот на животот. Пренесува „ Нови“.
Нутритивна вредност на пилешкото (100 g):




- Енергетска вредност 120 kcal
- Протеини 22,50 g
- Јаглехидрати 0,00 g
- Шеќери 0,00 g
- влакна 0,00 g
- масти 2,62 g
- од кои заситени 0,563 g




Високата количина на протеини што ја содржи белото месо му помага на телото да изгради мускули, додека поради тоа што е екстремно нискокалорична е совршена храна за диети.
