Еден фармер и дозволил на својата кокошка да лета.




Имено, тој сакал да ја исполни желбата на својот пернат пријател, па смислил начин таа конечно да полета.
Ова видео на социјалната мрежа Јутјуб досега го гледале половина милион корисници.




– Невозможно е да се каже со сигурност, но веруваме дека таа беше многу среќна и исполнета во тој момент – коментира еден корисник.




На видеото се гледа како кокошката влегува во хангар со авион и, покрај едното тркало, се обидува да полета, безуспешно мавтајќи со крилјата.
Фармерот ја ставил кокошката во едрилица, која била прикачена на авионот што го управувал.




Камерата поставена во пилотската кабина на едрилицата покажува како неговата кокошка возбудено гледа наоколу.
