Меланија Трамп направи една работа што никој не ја очекуваше од неа – темниот стил најави нова ера

Меланија Трамп ги изненади сите кога на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп се појави во темна варијанта: темно син фустан изработен по мерка на американскиот дизајнер Адам Липес, долго темно палто со остар крој и капа.

Првата дама на Америка остана мистериозна до крајот, бидејќи дискутабилната капа ги криеше нејзините очи. Многумина би рекле дека се работи за голем превид, бидејќи излегува дека Меланија крие нешто…

Сепак, се верува дека Меланија е жена која сака очила за сонце, а бидејќи не можела да ги носи – ова бил следниот најдобар избор за денот кога целиот свет ќе го следи нејзиниот поглед.

Шапката со речиси машки крој ја издвои првата дама од обичните дами на семејството Трамп. Како Меланија со ова да ја најави својата нова модна ера, која внимателно ќе ја следиме во следните четири години.

Дизајнерите чии креации ги носеше Меланија изјавија дека им е чест да ја облечат првата дама , а нејзината облека е производ на „ најдобрите американски занаетчии “.

Шапката е сошиена рачно, а освен дизајнерот и првата дама – никој не ја допрел.

Публиката го пофали тоа што Меланија избрала двајца американски дизајнери, особено што тие биле релативно непознати пред ова и што таа ги промовирала на овој начин.

Нас нè интересира само што изјави Ана Винтер за изгледот на Меланија Трамп, со оглед на тоа што таа не ја одобрува работата на споменатите дизајнери, ниту изгледот на самата Меланија.

Едно е сигурно, Меланија со оваа појава ги збуни критичарите. Никој не очекуваше од неа остри линии и темни бои!