Оглас за работа објавен од популарна компанија ги има сите на ум, особено поради платата што ја нудат!
Нетфликс нуди плата од 355.000 евра за работа стјуардеса

Работата на стјуардеса носи многу придобивки, а покрај патувањето низ светот, една од нив е и добрата плата, особено ако работодавецот е „Нетфликс“. Стрим сервисот објави дека бара стјуардеса која би работела во приватен авион со опсег на плата од најмалку 60 до 385 илјади долари, односно од 55 до 355 илјади евра.

Рекламата беше објавена на веб-страницата на Нетфликс, на која се вели дека Netflix Aviation бара некој кој има „ страст за авијација и желба да работи во тим од соништата“. Но, зошто стриминг сервисот бара стјуардеси? Сè е објаснето во описот на работата. 
Кои се условите?

„Воздухопловниот тим му помага на Нетфликс поефикасно да стигне до светот за да може компанијата да продолжи да создава радост низ планетата“, напишаа тие.

Идеалната личност за оваа работа треба да ја прифати компаниската култура, да биде независна и да дејствува со многу самомотивираност. Дополнително, потребни се независно расудување, дискреција и извонредни вештини за услуги на клиентите за да се обезбеди беспрекорно искуство на патниците.
Работа од соништата?

„Ова е раководна позиција за стјуардеса со седиште во Северна Калифорнија, а вистинскиот кандидат ќе биде професионално обучен за безбедност на кабината и патниците и итна евакуација на авиони“ , додаваат тие. Во огласот потоа беа објаснети специфичните воздухопловни квалификации што треба да ги има идеалниот кандидат и беше наведено дека успешниот кандидат ќе заработи плата до 385.000 американски долари.