Времето денес (10.01.) во Македонија ќе биде облачно и студено. Утринските часови ќе донесат слаб, а на одделни места и умерен мраз, со ретка појава на слаб снег или дожд кој може да замрзнува на тлото.
Во северните делови времето главно ќе биде суво, со можност за слабо провејување на снег. Во западните и југозападните, како и во планинските области, ќе има снег, додека во останатите краишта ќе преовладува мешан облик на врнежи – дожд, дожд со снег и снег, со тенденција врнежите да преминуваат целосно во снег во попладневните и вечерните часови.
Ветерот ќе биде слаб и променлив, а во текот на денот постепено ќе се свртува кон слаб до умерен северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од -3 степени на север до околу 4 степени на југот на Македонија.
Време во наредните денови
Во недела (11.01.) времето ќе биде облачно и студено, со повремени слаби снежни врнежи.
И на почетокот на следната недела ќе се задржи студено време, во поголемиот дел од земјата суво, со делумно разведрување. Во утринските часови се очекува умерен до силен мраз, а преку ден само понекаде слабо провејување на снег.
Од среда (14 јануари) се очекува слабеење на утринските мразеви и постепен пораст на дневните температури. Според долгорочната прогноза, по овој датум треба да заврши периодот на ниски температури, а дневните вредности ќе се искачуваат и до 10 степени, додека ноќните ќе се движат околу еден степен.
