Застанав над Велес да го напишам постов, возам две малолетни деца со мене, не сакам некоја глупост да направам, да пишувам дур возам …

Дали има некој брачен советник да ми даде малку ум во очајнава ситуација во која се наоѓам … ?

Агнеса е преселена кај нејзините, ги преселила и сите нејзини и на децата алишта таму … Го напуштила домот, пред да се вратиме од Пелистер … Бара децата да ги однесам таму … Наводно, ќе сум можел да ги видам кога сакам … Прво сакав да ги носам дома, сепак, мајка им е, не ги видела од Понеделникот, решив да ги однесам таму …
Што од правен аспект значи оваа циркузијада … ?

Благодарам за компетентниот одговор што ќе го добијам, тотално сум неспремен за оваа ситуација …
А јас, ќе си одам сам дома, да поразговарам малку со ѕидовите, да видам што правеле овие 6 дена, дур не бев дома …