Има индикации дека пролетта наскоро доаѓа, а најдобар пример за тоа се јагодите




Студеното време не ги спречува граѓаните да ги посетат пазарите и да пазарат свежа храна.
Понудата е разновидна како и цените. Има индикации дека наскоро доаѓа пролетта, а најдобар пример за тоа се јагодите кои вчера ги имаше само на неколку тезги на пазарите. Цена – 150 денари за половина килограм јагоди.




Сè уште се најбарани бананите, мандарините и лимоните, а цената на овие овошја се движи од 75 до 120 денари. Свежата тиква разубавува само неколку тезги на овој пазар, бидејќи нејзината сезона изминува. Затоа и цената скокна од 40 – 50 динари на 60 – 100 денари.




Најпопуларни зеленчуци се зелката, спанаќот, краставицата и зелената салата. Цените на овие зеленчуци се движат од 25 до 60 денари. Се бараат и цвекло и карфиол, а цената на овие намирници се движи од 50 до 170 денари за килограм.




Најскап зеленчук се свежите црвени пиперки кои чинат 160 денари и модар патлиџан кој чини и до 200 денари.
