Од Републичкиот хидрометеоролошки завод најавија дека до петок ќе биде претежно сончево и топло.

Максималните температури во четврток ќе бидат од 34 до 37 степени, а во петок од 29 Целзиусови степени на северозапад до 37 степени на југ и исток.

Од петок попладне се очекува дестабилизација на воздушната маса, па се очекуваат локални краткотрајни врнежи со грмежи.

УХМР најавува во ноќта меѓу петок и сабота врнежи кои локално ќе бидат поизразени (повеќе од 20 мм за кратко време) , најпрво на запад и север.

Во сабота во текот на денот ќе има нестабилна зона со облачни движења и се повеќе ќе се движат кон југ и исток со истовремено престанок на врнежите и стабилизирање на времето на северозапад од земјава.

Во недела повторно се очекува сончево и умерено топло.