Пендаровски не ги коментира ставовите на Заев но вели дека ,судејки според реакциите во јавноста, се отворила дилемата дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија..

Македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции“- вели во интервју за Дојче Веле Претседателот Пендаровски, ден по интервјуто на премиерот Заев за БГНЕС, во кое меѓудругото Заев оценките на шефот на државата дека „денешната бугарска политика нема излезено од матрицата на Тодоро Живков“, ги припиша на неговото не доволно политичко искуство.

Пендаровски конкретно не ги коменитра ставовите на Заев за историјата, но вели дека за решеавње на споровите освен политичка храброст потребно е и почитување на историските факти кои се меѓународно утврдени, и додава дека тој е првиот македонски политичар кој јавно понудил поширока дискусија за Гоце Делчев, но не отишол чекор понатаму, бидејќи тоа е работа на комисијата за историја, а не на политичарите.

,,Со премиерот Заев во многу наврати сме разговарале на оваа тема и никогаш не сме имале спор дека некои личности и настани можат да бидат чествувани и од двете страни, но, дека македонскиот народ има своја засебна историја, како што бугарскиот народ има своја.

Истовремено, во сите мои јавни настапи јасно кажувам дека антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба сме се бореле против оние кои беа на страната на фашистите.

Моето 20-годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници и со нашите пријатели од меѓународната заедница.

Во одбрана на ставовите на премиерот Заев, излезе Министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска.. Таа вели дека изјаваите на премиерот се засновани врз желбата да се отворат врати со соседите и да се изнајде решение за деблокадата на евроинтегративните процеси.

Со јавно обраќање до сопартијците од СДСМ по неколку годишен молк се огласи и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, револтиран од како што го нарекува „скандалозното интервју“.

Повикува во најбрз можен рок да се свика централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев, не се ставови на СДСМ, а до одржување на таквата седница како што наведува, тој го замрзнува неговото членство во партијата. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава. Направена е огромна и непоправлива штета. – вели меѓудругото Црвенковски .

Со став на фејбук се јави и екс претседателот Ѓорге Иванов, кој меѓудругото и директно му се обража на Заев: Го прашаувам „искусниот политичар“ од каде таа аверзија кон историјата? Народот не живее во минатото, туку со минатото, и тоа не за да мрази туку да се сеќава, за вакви изјави на премиер паѓа влада, пишува Иванов..

Kabal5.com.mk