Високата ефикасност на растението се објаснува со содржината на вредни есенцијални масла во неговите лисја




Кашлицата е спазматична мускулна контракција, која го ослободува телото од слуз, акумулирана во бронхиите и која може да биде заразна. Сепак, на нашето тело понекогаш му е потребна поддршка, а жалфија е вистински „кец во ракавот“.
Зошто жалфија?
Високата ефикасност на растението се објаснува со содржината на вредни есенцијални масла во неговите лисја, кои имаат антибактериско и антиинфламаторно дејство. Исто така, содржат многу фосфорна киселина, витамини Ц, Б1, П, танини.




Народната медицина препорачува земање млеко со жалфија при сува кашлица – бидејќи се верува дека оваа комбинација ја омекнува сувата кашлица и помага во исфрлањето на слузта.
Чудесен руски лек кој ги чисти белите дробови и бронхиите: Докажано делува, а е направен од состојки кои сигурно ги имате дома




Покрај тоа што е лесен за правење, за овој магичен напиток потребни ви се : 250 мл млеко, една лажица сушен и мелен жалфија, една кафена лажичка путер, една лажичка мед и една третина од лажичка куркума.
Подготовка:
Потребно е да се истурат 250 мл млеко, да се додаде една лажица жалфија, по што на тивок оган да зоврие.




Штом млекото зоврие, веднаш тргнете го од шпорет и додадете една лажичка путер, покријте го шерпата и оставете да отстои 15 минути.
Процедете и додадете една лажичка мед и 1/3 лажичка куркума (за деца 1/4 лажичка) и промешајте.




Овој пијалок треба да се пие до последната капка, половина час пред спиење. Можете да го подготвувате неколку дена, додека не почувствувате олеснување и лесно искашлување на слуз од бронхиите.
