Крис Нот со години важеше за најпопуларен ерген, а потоа го освои неговото срце
Познатиот Ѕвер повторно ќе имаме можност да го гледаме на малите екрани бидејќи ќе почне да се емитува долгоочекуваната серија „Се*сот и градот“.




Премиерата се одржа синоќа, на која Крис се појави во друштво на сопругата Тара Вилсон. Тие со насмевка позираа пред фотографите и разменија нежности.




Крис го прослави оваа серија, а откако првпат се појави во улогата на познатиот Ѕвер, ги освои срцата на многу дами. Исто како и во серијата, така и во приватниот живот важеше за голем заводник.




Живееше бурен живот, менуваше жени, а потоа се се промени во 2012 година кога ја запозна Тара, која е 27 години помлада од него.




Работела во кафеана што ја поседувал. Многу брзо откако се запознале почнале да се забавуваат, а 10 години подоцна се венчале. Во 2008 година го добија синот Орион, а во 2020 година синот Китс.




Крис и Тара не се појавуваат често заедно во јавноста, а во неколку наврати признаа дека често раскинувале и се смирувале на почетокот на врската, додека денес сето тоа е зад нив и уживаат во мирен и хармоничен живот.
