Имате ли финансиски проблеми и не сте во состојба да си ги платите сметките? Така било и со учениците на Исус и тој ја решил нивната ситуација.

Кога дошло време за плаќање на данок, Исус и неговите ученици немале пари да го платат потребниот износ. Како Исус ја решил таквата ситуација? Го пратил Петар да улови риба. Му рекол дека ќе најде паричка во устата на рибата и дека таа паричка ќе биде доволна да го платат данокот.

Можеме да замислиме што помислил Петар: „Пари за данок во устата на рибата? Тоа мора да го видам! Бев рибар целиот живот и видов многу работи во рибите – црви, јадици, морска трева. Но во ниедна никогаш не сум видел паричка. “Меѓутоа, кога Петар ја извлекол првата риба и ја отворил устата и нашол блескава паричка. Овој износ бил доволен да се плати нивниот данок, баш како што рекол Исус. (Матеј 17,27)

Исус тука делувал натприродно бидејќи сакал на своите деца да им покаже дека за нас ќе го прави невозможното. Тој може да го реши секој финансиски проблем, секоја семејна криза, секоја голема потреба.

Тој сака да знае дека е истиот Бога кој го хранел Илија со леб кој му го носеле гавраните, кој направил на вдовицата да не и исчезне и брашното и маслото, кој нахранил 5.000 луѓе од само неколку лебови и риби. Тој знае дека во одредено време од нашиот живот ќе помогне само чудо. И сака да не увери дека тој може да го направи невозможното во секоја ситуација.

error: Content is protected !!