Надевајќи се дека барем малку поскапела, го однела во златарница.




Кога Дебра Годард купила прстен на пазар за смешни десет фунти пред 30 години, го ставила во кутија и набрзо заборавила на него.
Британката, која денес има 58 години, се сети на него дури кога нејзината мајка падна на измамата, која ја остави без заштедата. За да и помогне барем малку на мајка си, Дебра решила да продаде неколку стари работи, меѓу кои бил и споменатиот прстен.




Надевајќи се дека барем малку поскапела, го однела во златарница.
- Златарот за малку ќе се онесвестеше – изјавила за „Сан“.
- Ми рече: „Знаеш ли што е ова? Тоа е дијамант!“




Не само тоа: дијамантот беше речиси совршен. Цела возбудена Дебра не спиела цела ноќ, бидејќи размислувала што да прави.
Таа решила да го понуди на продажба преку аукциската куќа „Содби“, каде неговата вредност била проценета на 844.000 евра.




Таа ја почести својата мајка со патување во Барбадос, концерти на Том Џонс и Селин Дион во Лас Вегас и крзнено палто.
– Карма е за сите лоши работи што ни се случиле во животот – вели Британката и открива дека претчувствувала победа.




Ноќта пред да го однесе прстенот кај златарот, сонувала дека го продала стаклениот прстен за 750 фунти.
A CASH-strapped mum paid £10 for a boot sale “glass” ring — but it was a £740,000 diamond.
Debra Goddard, 55, kept it in a box for 33 years… https://t.co/MSPBexjxsi— Julia Charnley (@JuliaCharnley) February 3, 2019
