„Пратениците со јајцата“, од овој петок, го отвораат Собранието за граѓаните!
Во рамки на кампањата #НароденПратеник, која планираме да биде дел од нашите редовни активности, пратениците на Левица ги повикуваат сите наши сограѓани, здруженија на граѓани, студентски и младински асоцијации, синдикати, еко-групации и други активистички организации.
Доколку имаат свои издржани предлози за законски измeни од сферата во која работат, да закажат СРЕДБА на нашиот партиски телефон и истите, доколку се во склад со идеолошките позиции на Левица, ќе бидат предложени како законски измeни во собраниска процедура.
Со овој чекор сакаме да го демократизираме процесот на носење закони и да го одбегнеме ненормално високиот уставен цензус коj бара 10.000 потписи од граѓани за да се поднесе предлог-закон.
Ве очекуваме.
Борбата само што почнува!
#ЛевицаОдПарламент
#НароденПратеник
#ПратеницитеСоЈајцата
