На сопствениците останува да утврдат дали нивните патни исправи се валидни
Бидејќи вратите за летната сезона се на пат да се отворат и секој едвај чека да ги спакува куферите и да тргне на пат, важно е претходно да ги проверите документите за да избегнете потенцијални проблеми на границата.

На сопствениците им останува да утврдат дали нивните патни исправи се валидни, како и да проверат кои се условите што треба да ги исполнат за земјата што решиле да ја посетат.

Бидејќи често се случува многу луѓе да заборават да ги понесат пасошите со себе, уште почесто не проверуваат кога им е валидна патната исправа, па се изненадени кога на граница ќе ги известат дека нивниот документ не одговараат на правилата на земјата во која одлучиле да летаат.

Грција

Доколку патувате во Грција, пасошот мора да важи најмалку три месеци, сметајќи од моментот кога државјанин треба да ја напушти територијата на Грција.

Турција

Кој ќе реши да го помине својот годишен одмор во Турција, треба да знае дека важноста на личниот документ за преминување на границата мора да важи најмалку 150 дена од денот на официјалното влегување на територијата на споменатата земја.

Хрватска

Кога се зборува за Хрватска, патната исправа мора да има рок на важност од најмалку три месеци, сметајќи од датумот кога е планирано враќањето.

Албанија

За Албанија доволно е патниците да имаат валидна биометриска лична карта или пасош, за да можат да влезат на територијата на оваа земја.

Египет

Египет во последно време е една од најпосетуваните земји, кога се во прашање туристи, а потребно е да знаете дека за оваа земја ви треба туристичка виза , која можете да ја добиете на аеродромите низ целата земја, додека оние кои патуваат преку од аеродромот во Каиро им препорачуваат порано да добијат виза преку дипломатската мисија.

Црна Гора

Исто така, граѓаните на нашата земја можат да влезат во Црна Гора со важечки пасош или со важечка лична карта.

Секогаш се препорачува таквите информации да се проверат на официјалната веб-страница на надлежното министерство или да се контактира со конзуларното претставништво на конкретната земја пред да започнете со патувањето.