Кога на Кери Дрејк од Сан Франциско му било кажано дека неговата мајка умира, тој го зел првиот лет за Лубок, Тексас за да ја види. За да стигне таму морал да се префрли во Хјустон, а меѓу двата лета имал само 40 минути.




Кога првиот лет бил одложен, Дрејк се нашол во голема неволја бидејќи било очигледно дека ќе го пропушти вториот лет до Лабок, последниот тој ден, на 24 јануари 2013година. Оваа приказна сеуште кружи по социјалните мрежи иако е многу стара.




Плашејќи се дека мајка му ќе умре пред тој последен пат да ја види, Дрејк бил очаен, плачел и не знаел што да прави. Стјуардесите на „Јунајтед ерлајнс“ се обиделе да го утешат, а кога ја слушнале неговата приказна, ветиле дека ќе направат се што можат за да му помогнат.




Контактирале со пилотот на вториот лет, оној од Хјустон до Лабок и успеале да се договорат да го чекаат Дрејк. Дури и багажот му беше натоварен на време. „Бев преплавен со емоции“, рече патникот, кој направи потег во „Јунајтед ерлајнс“ еднаков на чудото на модерното време.




Тој пристигнал да ја види мајка си, која умрела тоа утро. Длабоко благодарен на сите што му помогнаа во наизглед невозможната ситуација, Дрејк му напиша на United Airlines, а неговата приказна потоа одекна низ целиот свет
