Еден играч на лото ја пропушти шансата за живот.




Имено, во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт маж не ја подигнал својата добивка во износ од милион евра, односно не се пријавил три години по победничката ждрепка.




„Победникот имаше три години да ги побара парите, но за жал, не го стори тоа“, објави Лото-Тото Саксен-Анхалт во понеделникот, како што објави списанието Феникс.




Времето истече на 31 декември во 23:59 часот, а извршниот директор на Лото, Стефан Еберт рече дека немаат надеж дека некој ќе се јави.




Сумата сега се враќа во „кутијата“ на специјални извлекувања низ земјава.




Награда од еден милион евра беше извлечена на играта Lotto 6aus49, во специјалното божиќно извлекување. Среќниот добитник очигледно не го проверил својот лоз, па веројатно не е ни свесен за својата добивка.
Ова на Македонски јазик значи не биле речени за него ДАЛИ СЕ СОГЛАСУВАТЕ?