По Италија и Алпите, многу обилни врнежи преку Јадранското Море стигнаа до Словенија и до бреговите на Хрватска и Црна Гора.
Силна облачност и систем со грмотевици од централниот дел на Медитеранот утрово се прошири кон подрачјето на Јадранското Море.
По Италија и Алпите, многу обилни врнежи преку Јадранското Море стигнаа до Словенија и до бреговите на Хрватска и Црна Гора.
Во овие области денеска се очекуваат многу обилни и обилни врнежи од дожд.
Се очекуваат и грмежи.
На места се очекуваат над 50 литри дожд на метар квадратен.
Ќе има услови за урбани поплави и поројни поплави.
Словенија, Далмација, Истра, Херцеговина, Црна Гора, Албанија и западна Грција ќе бидат погодени од невреме и многу обилни врнежи од дожд и грмежи.
Kај нас денеска ќе стигне и облачност од централниот Медитеран и Јадранот. Сепак, поголемиот дел од денот ќе се задржи суво, а врнежите вечерва и вечерва ќе пристигнат во ослабена форма во однос на регионот.

