Руски лекар носи рецепт за подолг и поздрав живот.




За да може човекот да живее до 100 години, потребно е да се движи, да биде позитивен и што е најважно да има цел во животот, изјави рускиот лекар Лео Бокерија.




Потребно е, се разбира, да се движиме, бидејќи движењето е живот. Другата работа, според мене, е позитивен поглед на светот. Не велам дека на сите треба да им се прости, туку едноставно дистанцирај се од непотребните луѓе. И мислам дека најважно е да се фокусираме на животот. Потребно е да се има цел, потребно е да се има некоја омилена активност – објасни Бокерија.




Според академикот на Руската академија на науките, важно е да се води здрав начин на живот, да се јаде правилно и да не се пие алкохол.




Секое количество алкохол ја оштетува слузницата на желудникот, што е директно поврзано со нервната активност, посочи претседателот на Националниот медицински истражувачки центар за кардиоваскуларна хирургија „Бакуљев“.




Руски кардиохирург претходно негираше дека црвеното вино е корисно за кардиоваскуларниот систем. Како што рече, ако пиете вино, подобро е да пиете бело вино.
