Православните верници денеска го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрво во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил уб иен.




Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии, ѕидарите… Се верувало дека тој штити од волци.




Најважното е дека на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така не се оди никаде.




Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител.




Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мр твите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение.




Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно ум ре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пос трада маче нички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.




Светиот апостол Тома
Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома.




И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој ќе оди на проповед, на Тома му падна жрепка да оди во Индија. Тој малку се нажали што мора да оди во толку далечен крај, но Господ му се јави и го охрабри. Во Индија Св. Тома многумина, големци и сиромашни, ги обрати во верата Христова и ја заснова таму Црквата и постави свештеници и епископи. Меѓу останатите Тома ги обрати кон Христа и две жени на двајца индиски кнезови, Тертијана и Мигдонија, коишто беа сестри.




Овие сестри беа од своите мажи намачени заради верата, затоа што не сакаа да живеат со нив откако примија Крштение, а потоа мажите ги отпуштија. Откако се ослободија од бракот тие поживеаја богоугодно до см ртта. Дионисиј и Пелагија, претходно беа вереници, но кога ја слушнаа апостолската проповед не влегоа во соживот, но се посветија на подвиг. Пелагија заврши како маче ничка за верата, а Дионисиј беше поставен од апостолот за епископ. Кнезот Муздиј, маж на Тертијана, кому што Тома му ги крсти жената и синот, го осуди апостолот на см рт и испрати петмина вој ници коишто го прободија со пет копја.




Така си ја предаде душата во рацете на Христос Светиот апостол Тома. Пред својата см рт и тој, како и другите апостоли, беше чудесно пренесен на пог ребот на Пресвета Богородица. Но бидејќи пристигна доцна, горко зажали, па на негова молба го отворија гро бот на Пресветата, но внатре не го најдоа Нејзиното тело.




На таинствен начин Господ Ја беше зел Својата Мајка во Неговите небесни живеалишта. И така Свети Тома, којшто со своето неверување ја утврди верата во Христовото воскресение, во овој случај задоцнувајќи ни го откри чудесното прославување на Богородица.




Тропар
Апостоле свети Томо, милостивиот Бог моли Го, да им даде прошка на гревовите на душите наши.
