Жените често чувствуваат дека некои парчиња облека не се соодветни за нивната возраст. Секако, има одредена вистина во тоа кога станува збор за некои екстремни примери, но во принцип секое парче облека, со осмислен и одмерен стил, може да биде добитна комбинација дури и за дама „во години“ .

Секако, тоа не значи дека треба да носите шорцеви кои допираат веднаш под задникот или хеланките, но не значи и дека треба да се завиткате во чаршаф, само затоа што имате повеќе од педесет. Напротив!

Вистински пример за тоа како една жена над 50 години треба да се облекува додека изгледа елегантно, урбано, модерно и заводливо е модната инфлуенсерка и жена со стил Сузи Реѓано.

Модните комбинации на оваа жена која на Инстаграм ја следат над 600 илјади луѓе се вистинска инспирација. Таа ја пронајде вистинската мерка за облекување за нејзината возраст без да дозволи тоа да влијае на нејзината желба сепак да изгледа многу модерно, привлечно и се*си.

Во нејзините стилови ќе видите дека светлите бои се многу добредојдени, како и белите парчиња, фармерките, како и големиот накит (кој најчесто е „резервиран“ за млади девојки).

Се надеваме дека ќе најдете инспирација за себе во малата галерија што ја подготвивме за вас: