На фотографијата се гледа како изгледал речиси секој стан во поранешната држава.
Југославија ни остана во сеќавањето, а некои детали од поранешната држава беа длабоко врежани во нашата меморија.
На Фејсбук кружеше слика од просечен стан од Југославија и мораме да признаеме дека носталгијата ни работеше.
Фотографијата подолу покажува како изгледал речиси секој стан во поранешната држава. Мал телевизор, голем тросед и фотелји – тие беа незаменливи.
Исто така, големата комода во гардеробата е невозможно да не се забележи, како и тепихот. Детал кој особено ги привлече сите погледи е машината за пишување покрај софата.