Colorful Theme

Џоан Жу (25) беше меѓу речиси трите милиони Австралијци кои учествуваа во извлекувањето парична награда од милион долари за вакцинација против Ковид-19, пишува Sky News.

Парите за наградата беа инвестирани од група филантропи и компании познати како Million Dollar Vax Alliance за да поттикнат што е можно повеќе Австралијци да се вакцинираат против Ковид – 19.

Џоан рече дека планира да потроши дел од парите за повторно обединување на своето семејство.

Од Million Dollar Vax Alliancea изјавија дека се горди на кампањата и на она што го постигнале. Компанијата и помогна на Австралија целосно да вакцинира 80% од луѓето на возраст над 16 години.

Лотаријата, исто така, дистрибуираше 100 подарок картички во вредност од речиси 5.000 долари секој ден во октомври.