Ади Тимерманс од Белгија не можеше да го најде вистинскиот маж. Господата од Антверпен едноставно не и беа по вкус.

Но, таа никогаш не барала маж. Како што објаснила, барала љубов. И го нашла во форма на машко шимпанзо по име Чита.

Чита има 38 години, поголемиот дел од животот го поминал во Зоолошката градина, но бидејќи пред тоа бил домашен миленик, малку потешко е да се дружи со други шимпанза.

Едно кобно попладне, Ада се шетала низ зоолошката градина и ја здогледала Чита. За неа тоа било љубов на прв поглед. Таа продолжила да го посетува речиси секој ден, а тие си разменувале бакнежи преку заштитното стакло, си мафтале…

Ади од среќа била на седмо небо. Но, работите нагло се смениле.

Едно утро, вработените одбиле да ја пуштат Ада да влезе во зоолошката градина. Нејзе и било кажано дека нејзиното друштво лошо влијаело на шимпанзото.

-Тоа шимпанзо е по цел ден со неговата група, но не го прифаќаат бидејќи го избира човечкото друштво кога и да може. Кога толку ќе се зближи со некоја личност, другите шимпанза ќе го одбијат. Овој потег го повлековме за да го заштитиме животното – велат од ЗОО и додаваат дека Чита веќе преживеал тежок напад од други шимпанза.

Кутрата Ади е со целосно скршено срце. Таа во бројните говори за медиумите вели дека љубовта и е одземена.

– Знам дека ме сака, го сакам и јас него. Јас немам никој друг. Не знам зошто го прават ова сега. Веќе има 38 години, а шимпанзата во просек живеат 40 години. Ако веќе не го сменил однесувањето, тогаш нема да го направи тоа – вели Ади, која во оваа „врска“ е четири години, објави Дејли рс.

error: Content is protected !!