Други луѓе веднаш притрчале да му помогнат на несреќниот човек
65-годишен маж се одмарал во вреќа за спиење на плажата Њуел во северниот дел на Квинсленд, Австралија, во вторникот вечерта кога му пришол крокодил.
Се разбудил и се нашол лице в лице со животното кое го каснало за нозете, но успеало да побегне, пишува Дејли Мејл.
Директорот на локалната плажа Ворен Фаравеј рече дека другите посетители на плажа трчале да му помогнат на човекот во моментот на страшната средба околу 21 часот.
– Еден човек лежел на плажата под ќебе, кога во еден момент му пришол крокодил и го фатил за нозете. Имал голема среќа, на плажата имало и други луѓе кои му пришле на помош и го однеле во болница. Човекот се здобил со повреди од каснување на двете нозе, но неговата состојба не била загрижувачка, па подоцна истата вечер бил пуштен од болница – рекол тој.
Сопственикот на кафулето на плажа, Питер Кеп, вели дека областа е дом на голем број крокодили.
Инцидентот го истражуваат парковите на Квинсленд и службата за диви животни.