Турската серија „Сулејман Величествениот“ се снимаше од 2011 до 2014 година.




Кога почна да емитува на нашите простори, со своите ликови ги прикова луѓето на малите екрани.
Поминаа 9 години од почетокот на снимањето, па да видиме како изгледаат актерите денес: Султан Сулејман (Халит Ерегнц)

Икан Јалабик – Ибрахим Паша е турски актер роден во Истанбул, на 13 декември 1978 година.




Тој остана запаметен по улогата на Ибрахим Паша Паргалија во популарната серија „Сулејман Величествениот“.

Дипломирал на Театарот на Државниот конзерваториум на Универзитетот во Истанбул. Од 2001 година досега се појави во повеќе од дваесет филмови.




Звучи сосема нереално дека турската актерка Небахат Чехре, која ја гледавме во серијата „Сулејман Величествениот“ во улогата на мајката на султанот, има 76 години. Таа со изгледот, линијата, модниот стил и пред се ведриот дух не покажува дека е во осмата деценија од животот.




Пред девет години главна актерка во серијата „Сулејман Величествениот“ беше Хурем, но за која неоправдано помалку се пишуваше беше нејзиниот ривал Махидевран. Оваа турска актерка денес е вистинска убавица, а важи за едно од најубавите лица во Турција!

