Во продолжение на вечерта низ Македонија се очекува дополнително зголемување на облачноста.
Моменталните температури се движат од 16 до 24 степени, додека во Скопје се измерени 23 степени.
Маврово има 15, Берово 13, а Попова Шапка 9 степени.
Во текот на вечерта низ Македонија ќе има дополнително наоблачување.
Дождот кој моментално паѓа во соседните западни предели, во продолжение на вечерта ќе се премести кон северозападните делови на Македонија.
Подоцна вечерва во северозападните делови се очекуваат дожд и поројни врнежи.
За разлика од претходните денови, пред Македонија е топла ноќ. Минималната температура нема да се спушта под 10 степени, освен на планините, а во Скопје нема да биде пониска од 16 степени.
Со оглед на тоа што регионот е под влијание на југозападно висинско струење, покрај топлата воздушна маса, од северот на Африка пристигнуваат и честички од пустински песок од Сахара.
Во подрачјата каде што ќе има врнежи се очекува таканаречен „валкан дожд“. Станува збор за природна и вообичаена појава, која најмногу се забележува на автомобилите и другите површини по престанокот на дождот.
