Ги дојам моите синови кои имаат пет и шест години и не планирам да престанам додека тие самите не го побараат тоа.




Шерил Вајн (39) од Вефилд има два сина на училишна возраст и двајцата ги дои. Таа тврди дека тоа е „сосема нормално“ и дека успеала да изгради врска која уште повеќе ги зближила.
Дали сте бремена со друго дете, а сепак прво доите? Дали треба да се прекине доењето?
Таа ги дои своите синови Рајли и Мајл пред училиште, навечер, па дури и во текот на ноќта. Доаѓа и во градинка, вели, да ги дои.




– Мајчиното млеко е најважниот подарок што родителот може да му го даде на детето. Децата и ги лекува – тврди таа.
Таа исто така вели дека не планира да престане да ги дои додека Рајли не наполни 10 години.
– Не гледам зошто да престанам со доењето непотребно. Тие тоа го сакаат, јас можам да им го овозможам тоа. Тоа е општество кое ни врши непотребен притисок – убедена е оваа мајка.




– Кога Рајли имаше три години, почнавме да зборуваме за прекин на доењето, а Рајли рече дека не сака да престане. После тоа разговаравме уште многу пати и тој вели дека ќе биде подготвен да прекине со доењето кога ќе наполни 10 години – вели Шерил.
Дали е во ред според вас оваа мајка што им прави на своите синови?
