Во градски автобус се одвивала цела драма откако девојка не станала и ѝ отстапила место на постара госпоѓа која поради тоа ја навредувала.

-Неодамна бев на операција, раната на стомакот се уште ме боли. Гледав да седнам во автобусот бидејќи возев до последната станица. Беше гужва и имаше многу повозрасни, но немав сила да стојам – ни вели студентка и додава:

– На една станица влегува постара госпоѓа и застанува веднаш до мене. Неполна минута подоцна, таа почна да ми вика на цел глас, велејќи дека сум лошо воспитана и не сакам да станам и да ѝ дадам место. Таа постојано зборува, дури и вика, а сите патници ме гледаат. Седам, ја слушам, ја гледам како ми плука преку глава и ми стигнуваат солзи. Раната боли, особено при ваква промена на времето.

Девојката вели и дека не можела да издржи , па станала.

– Седев две станици откако таа влезе и стана. Таа седна и продолжи да ме вика со погрдни имиња и сите невоспитани млади. Кога станав раната ме пресече уште повеќе, па цело време се држев за стомак од болка. Па јас барем ги почитував постарите и отстапив, а дали ние младите во тој момент се чувствуваме лошо, па седиме, ничија работа.