




Славка Тодевска е измачена жена и самохрана мајка на која животот ќе и го сервира најцрното сценарио. Губење на најмилото. Човекот со кого ги раѓа децата, загадочно исчезнува и никогаш нема да се дознае каде е. Таа се снаоѓа, на почетокот со помош на родителите, а подоцна со човекот со кого ќе одлучи да го дели животот и кој ќе ги сака нејзините деца како да се негови.




Но, по смртта на родителите и на нејзината поддршка најблиските ќе и го забодат ножот во грбот на Славка. Ќе ја остават безмилосна на улица. Истовремено, го губи и синот, па, од тогаш започнува пеколот на оваа жена. Спие каде ќе се снајде. Некогаш под отворено небо, некогаш кај соседи кои сè уште ја ценат. Се моли за да го помине денот. И, преостанува уште да ја испружи раката и да проси. Но, нема никаков приход, ниту за храна ниту да го посети единственото дете и внуците кои живеат во Велес.




Потеклото на Славка е од Скопје. Родена е и порасната во населбата Ченто. Раѓа две деца Оливер и Оливера, чиј татко загадочно ќе исчезне, па целата обврска околу малите, ќе остане на Славка. Среќа, родителите и помагаат, но, таа помош трае додека тие се живи.




– Во најтешкиот период го изгубив и единствениот син. За мене од тој ден нема живот. Останав сама на улица, ама останав и празна во душата-вели Славка. Не барам ништо посебно, само тоа што ми следува. Агол каде да ја ставам главата, и социјална помош за да можам да преживеам. Ништо повеќе-со солзи завршува Славка, со надеж дека светол ден ќе дојде и во нејзиниот живот после сите бури и темнини.




Сите што сакате да помогнете на Славка Тодевска, тоа може да го направите на телефонскиот број 077/592621 или на жиро сметката 210501750099754




Автор Оливера Петрушевска
Целата приказна можете да ја погледнете на следниот линк Приказна.мк
