Според извештаите на австриските агенции, висината на снегот синоќа изнесувала над 140 сантиметри.
Силен снег вчера почна да паѓа во делови од Австрија, а особено беше забележлив во Јужен Тирол, односно на алпските премини Бренер и Ресија кои ги поврзуваат австриските и италијанските Алпи.




Според извештаите на австриските агенции, висината на снегот синоќа изнесувала над 140 сантиметри.
Според германската метеоролошка служба, ова е најава за студениот фронт што го донесе бурата Ноел.
Метеоролозите најавуваат постудено време до 10 степени. Во исто време се очекуваат обилни врнежи од Медитеранот до јужна Германија, а ќе се судри топол и студен воздух во и околу Алпите.




Ова ќе донесе снег и до половина метар на планините, а снегот првпат би можел да остане и по котлините.




Трендот на опаѓање на температурите ќе започне од недела, а до вторник студот треба да се прошири низ цела Германија. Пороен снег се очекува на Алпите на околу 1.200 метри надморска височина.




Покрај тоа, лапавица може да падне и до 600 метри надморска височина. Снежни врнежи треба да се очекуваат особено во Allgäu, Garmisch-Partenkirchen и Berchtesgadener Land. Значи, снег или лапавица може да се очекува и по котлините, а метеоролозите ги предупредуваат возачите на лизгави коловози.
