Годинава, спасувачките екипи за празникот Богојавление-Водици имаа полни раце работа во главниот град.

Надојдениот Вардар го отежна пливањето на скокачите, а по завршувањето на манифестацијата, повеќе екипи ги извелкуваа со чамци и јажиња од водите.

Светиот крст денеска во Вардар го фати 17 годишното момче Ѓорѓи Николовски.

Откако беа осветени водите на реката Вардар и свештените лица го положија светиот крст, најбрз и најсреќен беше 17 годишник од Скопје.

Тој повика на обединување на македонскиот народ. Имаше над 150 учесници.