Два дена по страшниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, спасувачите извлекоа двомесечно бебе од урнатините во Елбистан, во провинцијата Кахраманмарас, која беше тешко погодена од земјотресот.

Малиот Мухамед Доган Бостан си го цицаше палецот додека го извлекуваа од урнатата зграда. И мајката Серен Бостан била спасена и пренесена во блиската болница, а бебето 48 часа било под урнатините.

На видеото, кое можете да го погледнете , се слуша машки глас кој постојано кажува „Алаху Акбар“, што во превод значи „Господ е голем“, „Алах е голем“ или „Алах е најголем“.

Вакви случаи се бележат низ Турција, а светот особено го воодушеви двегодишното момче кое покажа неверојатно трпение и храброст, додека чекаше 44 часа да го извлечат од урнатините.