Министерот Оливер Спасовски во денешното гостување на Утрински брифинг најави бесплатна телефонска линија ( 0800 – 00 – 201 ) на која граѓаните ќе можат да ги пријават недозволените забави и собирања на повеќе од 4 лица.




-Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број ( 0800 – 00 – 201), анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број, рече Спасовски.

