Сè уште се трага по Србинот Стефан Ивановиќ (30), кој таа вечер работел како обезбедување во барот. Ивановиќ и повредениот М. Ј. се од исто село во Србија.
Младиот човек М. Ј. (23), по потекло од Србија, е повреден во пожарот што избувна за новогодишната ноќ во бар на скијачкиот центар Кран-Монтана во Швајцарија.
Да потсетиме, во популарниот бар „Le Constellation“, по пожарот кој најверојатно избувнал поради пиро-техника запалена во локалот, животот досега го загубиле 47 лица, додека се верува дека повеќе од 100 се тешко повредени.
Изгореници
– М. Ј. бил во барот на скијалиштето за време на новогодишната ноќ, но буквално го спасило тоа што излегол на терасата на клубот. Сакал да запали цигара и излегол надвор. Се наоѓал на терасата кога внатре избувнал пожарот. Потоа настанал стампедо – изјавува за „Курир“ еден познаник на семејството на М. Ј. и додава:
– Огнот го зафатил, односно му изгореле двете шакa. Има изгореници по рацете, но фала му на Бога, не е животно загрозен. Буквално го спасило тоа што излегол надвор. Неверојатна судбина. Фала му на Бога што успеал, во таа гужва и хаос, да се извлече жив.
Како што додава соговорникот, М. Ј. има сестра и родители со кои живее во Швајцарија уште од раѓање.
– Во селото доаѓаат летно време или повремено. Таткото на М. Ј. е прекрасен и добар човек, ја средија куќата во селото и направи работилница. Планот му е да се врати кога ќе замине во пензија – вели соговорникот.
Инаку, како што додава, и понатаму се трага по Србинот Стефан Ивановиќ (30), кој таа вечер работел како обезбедување во барот. Ивановиќ и повредениот М. Ј. потекнуваат од истото село во Србија.
