Како што се наведува во соопштението, ситуацијата не барала ниту итно слетување.




За време на летот на Урал ерлајнс на пат од Москва кон Таџикистан се роди девојче, објави прес-службата на оваа авиокомпанија.




Тоа се случи на летот Жуковски-Куџанд. По полетувањето, патничката почувствувала болка во стомакот, што ја пријавила на екипажот. Постарата стјуардеса ги прашала патниците дали има лекар меѓу нив да одговори.




Според РИА Новости, како да било магија бидејќи во авионот имало неонатолог, две акушерки, па дури и радиолог кој го извршил породувањето.




Како што се наведува во соопштението, ситуацијата не барало итно слетување.




Во авионот се роди девојче, тешко 2,6 килограми и долго 46 сантиметри, пренесува РИА Новости. Таа е родена еден час по почетокот на породувањето. На крајната дестинација бремената жена ја чекала брза помош.




Мајката и девојчето се испратени дома од болница во добра состојба, додаде прес-службата на Урал ерлајнс.

