Живко Змејковски е татко борец за поубав живот на својата ќерка Елизабета која му е се што има во животот.

Роден како личност со хендикеп, сиот живот ќе биде поттурнуван од блиските и претпоставените.

Прави погрешен избор женејќи се со погрешна личност исто така со посебни потреби, и создаваат дете со посебни потреби, кое од бебе само ќе го изгледа – вели тој.

Елизабета на целата состојба млада доживува и мозочен удар. Има само 57 години. Млад останува без работа како стечаен работник и повеќе не успева да се снајде за да заработи.

До смртта на родителите живеел од нивните пари. Подоцна и двајцата му умираат на раце. Можеби погрешната одлука на неговиот татко и чичко да живеат во една куќа со ист влез, денес како данок со лош исход го плаќа Живко. Тој со минималната државна помош не може ниту да купи лекови.

Со ќерката јадат само доколку ги запишат во тетратка со вересија, за да купи суво лепче. Храна јадат ако добијат помош или му дадат некои добри луѓе кои ги има се поретко-вели Живко.

Куќата е со необелени ѕидови и мебел стар уште од неговото детство. Нефункционални апарати и оџак кој се заканува по нивното здравје. И, иако овој човек има желби милион и синоним на неговото име е да живее, сепак, овој несреќен татко секојдневнее венее и тоне во солзите кои ги лие заедно со својата ќерка.

error: Content is protected !!