Во Скопје денеска ќе биде умерено до целосно облачно, облачно и свежо




Во Македонија денеска ќе биде умерено до целосно облачно и свежо, на места со врнежи од дожд и локални врнежи со грмежи, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод.




Најниската температура ќе биде од 15 до 19 степени, највисоката од 23 до 27 степени, а ќе дува слаб северен ветер .
Во Скопје денеска ќе биде умерено до целосно облачно, облачно и свежо, повремено со врнежи од дожд и краткотраен дожд со грмежи.




Најниската температура околу 17 степени, а највисоката околу 24 степени, а ќе дува слаб северен ветер.
Временските услови нема да ги фаворизираат најчувствителните луѓе и луѓето со хронични заболувања. Се препорачува претпазливост за астматичари и срцеви пациенти.




Очекувани метеоропатски реакции се нерасположение и намален работен капацитет. Се препорачува внимателност во сообраќајот.
До четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места претежно во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.




Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови попладне за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.
