На 18-годишна возраст, Џулиет Ламур стана најмладата Канаѓанка која некогаш освоила голема награда на лотарија – поточно 48 милиони канадски долари или над 33 милиони евра.

За работите да бидат подобри, тоа беше првпат таа да плати лотарија, пишува BBC News.

– Секако дека плачев од среќа. Сè уште не ми се верува дека добив таква награда на мојот прв лоз – рекла пресреќна Жулиет, која живее во Онтарио со своите родители.

Целосно заборавила на билетот додека не ја слушнала веста дека некој од нејзиниот роден град ја освоил оваа голема сума. Преку мобилната апликација проверувала дали навистина е таа, а кога екранот покажал дека таа е „големиот победник“, нејзиниот колега буквално во неверување паднал на колена.

– Почна да вика од возбуда. Всушност, сите викаа дека освоив 48 милиони долари – се присетува среќниот добитник. После тоа, шефот и рекол дека може предвреме да замине од работа, но мајка и сепак инсистирала да остане и да ја заврши смената.

Џулиет признава дека многу тинејџери на нејзината позиција брзо „би дивееле“, но таа планира да остане цврсто приземјена, да ги заврши студиите и да стане доктор. Парите само ќе и помогнат да не се грижи за трошоците и заемите попатно. Затоа првиот потег на овој новопечен милионер бил да ангажира финансиски советник.

Пред да започне со студиите по медицина, сепак планира малку да се забавува.

– Кога ќе заврши училиштето, јас и моето семејство ќе избереме континент и ќе почнеме да истражуваме. Сакам да искусам различни земји, да ја проучувам нивната историја и култура, да ја пробам нивната храна и да го слушам нивниот јазик.