Според екс министерот за здравство, Никола Тодоров, во земјава ќе се реализираат уставните измени.
Вели дека Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во Уставот, но прашањето е дали тоа ќе се случи пред или после избори.
„Во следните неколку месеци ќе се кристализира дали Мицкоски ќе прерасне во лидер кој ќе ја води нацијата или пак ќе мора да замине со бремето на човек кој ја оставил ВМРО-ДПМНЕ најдолго време во опозиција“, вели Тодоров за Слободен печат.
Тодоров, поранешниот висок фукнкционер во ВМРО-ДПМНЕ и министер во владата на Никола Груевски, нема речиси никакви дилеми дека Македонија ќе продолжи на „патот кон Запад, што одамна го имаме одбрано“, а дека сѐ останато е резултат на некој „инает предизвикан од моментното незадоволство од политичките елити“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го обвини неговиот претходник Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени.
Опозицијата е против внесувањето на Бугарите во Уставот. Бугарија може да го попречи европскиот пат на земјава ако не се случат уставните измени. /Faktor
