„Ова е приказна што треба да ја слушне цел регион, која страда од недостаток на емпатија“, напиша Наташа Трнавац Чалдовиќ од Ужичан, објавувајќи слика од убавата мала Викторија која цврсто ја држи исечената коса во рацете.




Викторија Томиќ (8), ученичка во второ одделение во ОУ „Душан Јерковиќ“ ја подарила својата коса за да и направи перика на својата болна другарка.




На сликите може да се види како малото девојче со насмеано лице ја држи пресечената коса која наскоро ќе ја краси главата на нејзината пријателка.




Иако е мало девојче, Викторија на сите им покажа колку навистина е голем човек. Ја краси хуманост и добрина.
Под оваа објава имаше многу коментари, во кои луѓето го поздравија и го пофалија овој прекрасен хуман гест на малата Викторија.