Mоментално сум на одмор во Хрватска и овде е поскапо отколку во Австрија, изјави Брижит за Кронен Цајтунг. Решила наместо во Австрија да летува во Хрватска, а најмногу ја шокирале цените.

Австриските медиуми ги наведуваат и цените со кои се соочуваат туристите. Путер чини 4,50 евра, пица 18 евра и паркинг 40 евра. Не е луксузен одмор во Швајцарија, туку во некогаш евтината дестинација Хрватска.

Тие додаваат дека цените вртоглаво пораснале од 1 јануари 2023 година од воведувањето на еврото.

Има и нешто што ги радува туристите, а тоа е немањето проверки на границата.

Она што помалку ги радува: со воведувањето на еврото поскапеа се! – пишува Кронен Цајтунг.

Да потсетиме, Тиктокер крена голема прашина кога се пожали на цените на Хвар. Во последното видео кое го објави на таа социјална мрежа раскажува како последен пат била на Хвар пред четири години. Сега кога повторно се врати, таа е шокирана од повисоките цени.

Лежалка за 40 евра?! – извика таа.

Многумина ја поддржаа во коментарите и напишаа дека цените се навистина превисоки. Сепак, имаше и такви кои критикуваа.

Па, што очекува, знае каде дошла, во скапа кафеана – ја скршил мештанин.

Најсончевиот остров во Хрватска – така го нарекуваат. Секоја година Хвар го привлекува вниманието на илјадници туристи, а цените вртоглаво пораснаа. Просечно четиричлено хрватско семејство тешко може да си дозволи патување до Хвар, а камоли неколкудневен одмор. Цената на едно обично парче пица во пекара оди и до 5 евра, додека за пица во некој од рестораните треба да потрошите околу 15 евра.

Чадори за сонце и лежалки на плажа се посебен луксуз, а цените одат и до 40 евра за лежалка. Ако сакате малку да се опуштите во жешките летни ноќи, добро подгответе го паричникот бидејќи цените на алкохолните пијалоци почнуваат од 10 евра па нагоре – ни раскажува сплитчанка која често патува на службено на Хвар.

Цените на крајбрежјето ги збеснаа и нашите читатели кои летуваа во Ровињ.

Еве види 130 евра лежалки и чадор за сонце. Премногу… – вели читателот.