Двајца француски државјани неодамна беа уапсени во Венеција, откако беа обвинети дека украле гондола од станицата Академија за да се прошетаат по каналот.

Инцидентот се случил околу 01:30 часот по полноќ, а сопственикот на гондолата Џорџо Бонџоло вели дека предметите кои биле внатре вределе неколку стотици евра, а сега завршиле во водата.

Гондолиерот вели дека туристите биле уапсени кога тројца локални жители во чамец кој поминувал ја забележале гондолата како цик-цак напред-назад преку каналот и сфатиле дека нешто не е во ред. Покрај кривичната пријава за тешка кражба, шегобијците се соочуваат и со граѓанска тужба за оштета од сопственикот на гондолата.

Гондолиерот за Си-Ен-Ен изјавил дека рано наутро бил повикан од полицијата, која го идентификувала чамецот како негов.

Го користеа како кану, но гондолата не е како кану – не оди директно напред. Гондолата не е лесна за управување, се движи лево десно и застанува. Веслате стоејќи. Тројцата момци веднаш виделе дека е украдено, ги запреле и повикале полиција. Ми ја спасија гондолата, инаку којзнае каде ќе завршеше до утро – рекол гондолиерот.

Бониоло рече дека двајца туристи на возраст од 30 години се смееле додека тој отишол да ја идентификува својата гондола, која завршила до музејот Гугенхајм, на неколку стотини метри од местото каде што била украдена. Гондолите не се евтини чамци за масовно производство.

Бонџиоло вели дека неговата рачно изрезбана гондола чинела 60.000 евра , а за фарбање троши 3.000 евра секоја година.