Верниците на Македонската православна црква утре го слават големиот празник Воздвижение на Чесниот Крст, меѓу народот познат како Крстовден. Денот се слави во чест на настанот кога бил пронајден крстот на кој бил распнат Исус Христос.

Два настани се поврзани со Крстовден. Првиот се однесува на откривањето на светиот крст на Голгота, а вториот го претставува враќањето на светиот крст од Персија назад во Ерусалим.

Овој празник Воздвижение на Чесниот Крст се празнува уште од првите години на официјалната христијанска проповед, а е основан една година по Првиот вселенски собор во Никеја, кој се одржал во 326 година.

Иако Крстовден е радосен празник, тој се поминува во строг пост, на леб и вода.

Стар обичај поврзан со Крстовден, и во зима и во есен, е секоја желба да се оствари во оваа посебна ноќ. Затоа вечерва точно на полноќ, погледнете во небото и замислете чиста желба, кажете ја јасно и гласно, а традицијата вели дека ако е „богоугодна“, сигурно ќе ви се оствари.