Максималната температура ќе биде над 10 степени.
Во наредните денови ќе биде под влијание на циклони од Медитеранот и Јадранот, со чести наоблачувања проследени со дожд и поројни врнежи. Се очекува изразено јужно струење на воздухот.
Максималните температури ќе бидат над 10 степени, а во западните делови од земјата, поради фенски ефект, ќе достигнат и пролетни 16–17 степени.
И покрај пролетните температури, ќе има силни налети на ветер.
Снег се очекува само на највисоките планини.
Мраз најчесто нема да има, освен во источните предели и на високите планини.
За време на викендот и на почетокот од следната седмица времето ќе биде малку посвежо, но и понатаму натпросечно топло, со температури околу 10 степени.
Според моменталните прогнози, во следните десетина дена не се очекува посилно заладување со снег.
