Фросина е доста актуелна по социјалниате мрежи и кога ќе намириса неправди одма жестоко реагира и нејзините текстови стануваат доста вирални и наидуваат на голема поддршка кај Македонците.




Ви пренесуваме ФБ статус на Фросина каде што овој пат таа го нападна пратеникот Апасиев.




Димче, не заборавај дека бевме у исто друштво со прекрасни луѓе на рафтинг на Тара и у термалните бањи во Лутраки пред околу 4 години. Те иам видено мокар у купачи два пати, а иам и слики. Замисли да земев да коментирам како изгледаш. Кај ќе ти беше крајот?




Не бе Димче, не иде вака. Се декларираш како прогресивен и слободоумен човек, а дискутираш за физичкиот изглед на една жена. Критикувај ја Кацарска за нејзината работа. Одери ја од критики за нејзината валкана работа, затоа што го заслужува тоа. Но да коментираш физички изглед е бушење на дното кое не смее да си го дозволи ни еден човек, а не пак политичар кој седи во парламент и зема пари од народот.




И тоа за жена коментираш. А Исак можеше да се плаши и од Рашковски и од Грујо на пример. Значи ти без да сакаш си покажа дека жената сè уште ја гледаш првенствено од аспект на физичка појава, како и секој пештерски примерок. Ај кога веќе вреѓаме физички изглед, а не критикуваме нечија лоша работа, тогаш ќе ти кажам дека Исак се има уплашено уште при првото доење кога погледнал у фаца на доилката.




Не е ок, а? Навредливо е, така? Критикувај нечија работа, а не нечиј изглед. После ова џабе сите десетки на факултет. Не ти требаше ова, ама ај професор си, може вака треба да се понашаат професорите, од кај знам јас? Јас келнер сум.

