Глупавите луѓе се видливи од авиони, барем според Фројдовите стандарди




Зигмунд Фројд ни остави во аманет многу важна лекција, а таа се однесува на препознавање на глупави луѓе.
Тој нè упати до суштината со само една реченица:
„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“, рекол Фројд.




Така, кога ќе се најдете во ситуација кога ќе се засрамите од туѓото однесување или изјава или ќе ве изненадат некои луди постапки – веднаш знаете со кого си имате работа.
Денес ви пренесуваме 10 цитати на Фројд што треба да ги знаете:
- Големината на вашиот идентитет се одредува според големината на проблемот што може да ве исфрли од колосек.
- Пред да си поставите дијагноза за депресија и ниска самодоверба, погрижете се да не сте опкружени со идиоти.
- Никогаш не сме толку ранливи како кога сакаме, и никогаш толку безнадежно несреќни кога ја губиме љубовта.
- Луѓето се поморални отколку што мислат и многу понеморални отколку што можат да замислат.
- Секој нормален човек, всушност, е само делумно нормален.
- Ако сте му простиле на маж за сè, тогаш завршивте со него, засекогаш.
- Човекот може да се брани од кој било човек, но останува беспомошен од пофалбите.
- Имаме тенденција да избегнуваме болка повеќе отколку да доживееме радост.
- Во моментот кога човекот почнува да се сомнева во својот живот и неговата вредност, тој се разболува.
- Големото прашање на кое никогаш не е одговорено и на кое ниту јас не успеав да одговорам, и покрај триесетгодишното истражување на женската психа, е: ШТО САКА ЖЕНАТА?!












