Возачите на автопат во Кина се шокирале кога виделе џиновски питон како лази од автомобил.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи веднаш го привлекоа вниманието на корисниците. Имено, бурманскиот питон се извива од автомобилот низ прозорецот, а во еден момент паднал од автомобилот, па морал да биде спасен од итната помош.

Змијата била пренесена на ветеринар и констатирани се полесни повреди.

– Претпоставувам дека е миленикот на сопственикот, со оглед на тоа што излегол од прозорецот – рекол еден возач кој бил сведок на нереалната сцена.

Полицијата сега се обидува да го пронајде сопственикот на змијата кој дозволил да се случи вакво нешто.

Погледнете го видеото: