Количината и времето кога го користиме се исто така важни
Нанесувањето дезодоранс е една од првите работи што ги правиме кога се грижиме за себе.




Меѓутоа, често тоа го правиме на погрешен начин и на тој начин несвесно си го загрозуваме здравјето. Важат истите правила, без разлика на формата на антиперспирантот.
Д-р Даун Харпер го објаснува вистинскиот начин и време за употреба на овој препарат и како тој влијае на кожата .
1. Премногу
Повеќето луѓе претеруваат кога нанесуваат дезодоранс.
Ова ги затнува порите, а кожата не може да дише. Ваквиот начин на употреба може да предизвика сериозни здравствени проблеми, имајќи предвид дека дезодорансот содржи материи кои можат да ни бидат штетни во поголеми количини.




Според д -р Даун Харпер, доволно е да направиме две движења со рацете нагоре и надолу, и ќе бидеме заштитени. Сè што е надвор од тоа е сосема излишно.
2. Нанесување дезодоранс наутро
Нанесувањето дезодоранс е многу често дел од секојдневната утринска рутина.




Сепак, според д-р Харпер, поздраво е да се нанесува дезодоранс навечер, бидејќи на тој начин и даваме време на кожата да го впие.
3. Нанесување дезодоранс после туширање




Нанесувањето антиперспиранти на влажна кожа е исто така погрешно, бидејќи кожата нема правилно да ги апсорбира.
Топлата вода со која се тушираме ги проширува порите, а со тоа вишокот на штетни материи допира до внатрешноста на кожата.
Најдобро е да почекате целосно да ви се исушат пазувите.
4. Користете во текот на денот




И ова не е препорака, бидејќи на тој начин ќе ги „бетонирате“ бактериите под пазувите и тие ќе останат на кожата. Истото правило важи и после тренинг.
