Многу корисници на социјалните мрежи се обидоа да погодат за кој вид станува збор, но залудно.

Морскиот ѕвер со остри заби е извлечен на брегот на Нов Јужен Велс (Австралија), а изгледа како да „побегнал“ од хорор филм.

Рибарот Џејсон Мојс е прилично сигурен дека суштеството налик на змија е јагула, но признава дека не знае каква.

Чудовиштето има застрашувачки очи, заби слични на жилет, а долго е три метри, пишува Дејли Стар.

„Ова е новина за мене, иако со комерцијален риболов се занимавам веќе 50 години “, напиша Мојс на Фејсбук.

Тој додава дека никогаш во животот не видел нешто слично.

„Тоа не е штука или сребрена јагула. Забите наликуваат на некаква сирна јагула, но лицето е некако „тапо“ . објасни рибарот.

На една од фотографиите се гледа како животното е извлечено од длабочините на морето и како тоа се „испружило“ покрај страната на чамецот.

Многу корисници на социјалните мрежи се обидоа да погодат за кој вид станува збор, а беа споменати и многу, како зелената морева јагула.

„Повеќето луѓе не беа ни блиски “, рече Мојс.